Утрински Весник
Свет

Австрија воведува построги мерки поради зголемениот број на заразени со коронавирус

Австрија воведува построги мерки поради зголемениот број на заразени со коронавирус

Австрија воведува построги мерки за маски, социјално дистанцирање и јавни собири, најави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Маските за лице повторно ќе бидат задолжителни во продавниците и училиштата, како што беше случајот пролетва. Маски мора да се носат и во јавниот превоз.

Професионално организирани настани каде што седат посетителите може да се организираат со максимум 1.500 лица во затворено и максимум 3.000 лица на отворено.

Собирите се ограничени на 50 лица во затворени простории и 100 на отворено.

Во угостителството келнерите ќе мора да носат маски, а оброците ќе бидат можни само на масите.

Дневниот број на инфекции се зголемува од крајот на јуни и достигна 644 во четвртокот, што е најголема бројка од крајот на март кога првичното нагло зголемување на инфекциите забави поради воведениот локдаун.

„Токму затоа што летото помина добро и луѓето не можат многу да веруваат дека бројките повторно растат, апелирам сите да ја сфатиме ситуацијата сериозно заедно“, рече Курц на прес-конференција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија