Утрински Весник
Свет

Австрија воведе строги контроли на границата, се чека и по 13 часа

Австрија воведе строги контроли на границата, се чека и по 13 часа
Dik 300x250 mk

Пред тунелот Караванк на словенечката страна на границата со Австрија е формирана огромна колона. Според медиумите се чека и по 13 часа за да се премине границата. Многумина чекаат во автомобили со часови без храна и вода.

Сето тоа е предизвикано од новата регулатива поврзана со „Ковид-19“, според која секој автомобил којшто влегува во Австрија мора да биде проверен.

Повратниците кои транзитираат само преку Австрија, мора да се обврзуват дека ќе продолжат кон земјите во кои се враќаат без да застанат, а Црвениот крст започнал да ги снабдува со вода луѓето во автомобилите кои чекаат да влезат во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Во ФБИ истрага уапсени и НБА играчи и тренери

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“