Утрински Весник
Свет

Австриското село Фукинг ќе го смени името по несаканото внимание од туристите

Австриското село Фукинг ќе го смени името по несаканото внимание од туристите
Dik 300x250 mk

Жителите на малото австриско село Фукинг гласаа за промена на името откако претрпеа несакано внимание од туристите од англиското говорно подрачје. Догодина, селото со 100 жители во близина на германската граница ќе го носи името Фугинг, пишува регионалниот дневен весник „Oberoesterreichische Nachrichten“.

„Можам да потврдам дека селото се преименува. Навистина не сакам да кажам ништо повеќе – во минатото имавме доволно медиумско лудило за ова“, вели Андреа Холцнер, градоначалник на Тарсдорф, општина во која се наоѓа селото.

Туристите од англиското говорно подрачје сè повеќе доаѓаат во Фукинг за да се фотографираат со сообраќајната табла со името на селото. Некои дури прават зачудувачки безобразни пози пред таблата за да ги споделуваат на социјалните мрежи.

Наводно биле украдени и патоказите, што ги натера властите да вградат нови со бетон за да ги одвратат туристите од кражбите.

Мапа од 1825 година го покажува името на селото Фукинг, но некои експерти веруваат дека името датира од 11 век.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил