Утрински Весник
Свет

Австриски научници: Не е лек, но може да ја намали заразата до 100 проценти

Австриски научници: Не е лек, но може да ја намали заразата до 100 проценти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Австриски научници од лабораторијата на Медицинскиот факултет во Инсбрук тврдат дека успешно го тестирале најновиот убиец на коронавирусот, кој е многу лесен за употреба, а кој наскоро може да се најде на пазарот.

Станува збор за спреј на компанијата „Окупур“, која, како што беше истакнато, покажа ефикасност до 100 проценти, но не како лек против Ковид-19, туку како превентивен препарат за уста за да спречи влегување на вирусот во телото и предизвикување на болести.

„Ако спрејот се остави да дејствува до една минута, може да се забележи висок степен на намалување на заразата со коронавирус. Забележавме до 100 проценти“, изјави Вилфрид Пош од Институтот за хигиена и медицинска микробиологија во Инсбрук и откри дека биле тестирани неколку спрејови кои биле испрскани директно на вирусот, а со кои потоа се „нападнати“ човечките клетки за да се провери дали доаѓа до зараза.

Според сите резултати, спрејот „Окупур“ спречувал инфекција во повеќето случаи.

„Ова значи дека спрејот може да се искористи за да се создаде заштитен слој против зараза со коронавирус, така што може да ги заштити луѓето во ситуации кога толпите не можат да се избегнат, како што е јавниот превоз“, пренесуваат австриските медиуми.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин