Утрински Весник
Свет

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази порано или подоцна, но тој посочува дека станува збор за многу побезопасна болест отколку што се стравуваше пред десет месеци.

„Ќе останеме со овој вирус. Порано или подоцна, секој од нас ќе има Корона, освен ако не умре пред тоа”, рече Алербергер во изјавата за австриското радио „Oe3″.

Директорот на Одделот за јавно здравје на Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС) очекува дека вакцината против коронавирусот ќе биде достапна уште во јули следната година.

„Се обложувам дека нема да има лек, бидејќи сите лекови протв вируси може да се избројат на прстите од едната рака“, подвлече тој.

Алербергер вели дека вирусот корона е побезбедна болест отколку што се стравуваше пред десет месеци, кога се сметаше дека стапката на смртност е 30 проценти.

Тој се осврна на студија на Универзитетот Стенфорд, според која стапката на смртност е 0,23 проценти.

„Таа вредност одговара и на нашите податоци“, потенцира водечкиот австриски инфектолог.

Во исто време, тој предупредува дека, иако во моментов се полни само 7% од установите за интензивна нега во австриските болници, треба да се има предвид дека 90% од Австријците можат да се разболат и дека не треба да се потценува уделот на луѓе над 65 години, бидејќи смртноста е јасно поголема од сезонски грип.

Тој исто така предупреди на влошување на состојбата во текот на зимата.

„Мора да бидеме внимателни да не доживееме изненадување во негативна смисла. Ако имаме 4.000 или 5.000 нови инфекции на ден, мора да сметаме дека медицинските капацитети ќе бидат на нивните граници, дека ќе има смртни случаи во домовите за стари лица, а политичарите ќе бидат изложени на огромен притисок.Во принцип не можеме да спречуваме одделни смртни случаи, но можеме да го забавиме нивниот тек“, рече Алербергер, додавајќи дека врвот на инфекцијата на Ковид-19 го очекува во декември или јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата