Утрински Весник
Свет

Австриски експерти: Имаме нова мутација на коронавирусот, можеби тоа ќе биде проблем

Австриски експерти: Имаме нова мутација на коронавирусот, можеби тоа ќе биде проблем

Откривањето на нов вид на коронавирус во моментов ги загрижува здравствените власти на истокот на австриската провинција Тирол.

Според јавниот сервис, на територијата на општина Лиенц е забележана целосно нова мутација на коронавирусот.

Вирусологот Гернот Валдер предупредува дека новиот вид има потенцијал да ја заобиколи заштитата што ја дава вакцината.

Имено, некои пациенти се веќе вакцинирани, а сега, како што вели, треба да се утврди дали вакцините дејствуваат или се работи за луѓе кои немале „среќа“.

“Можеби тоа не е голем проблем или можеби ќе стане уште поголем проблем. Сè уште не го знаеме тоа. Мораме детално да ја анализираме новата мутација”, рече Валдер.

Тој посочува дека нема причина за паника, бидејќи е вообичаено вирусот да мутира.

За австрискиот научник е нејасно дали станува збор за мутација на британскиот вид на коронавирус или за сосема нов вид со слични карактеристики.

Општината Лиенц е жариште на коронавирус веќе подолго време, што им задава грижа на австриските власти.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари