Утрински Весник
Свет

Австриски авион влетал во забранет воздушен простор на унгарската нуклеарна централа

Австриски авион влетал во забранет воздушен простор на унгарската нуклеарна централа

Австрискиот авион влетал во забранетиот воздушен простор на унгарската нуклеарна централа „Пакс“, па алармирани биле унгарските воздухопловни сили.

Директорот за комуникации на централата, Антал Ковач, изјавил дека австрискиот авион синоќа го пробил воздушниот простор на нуклеарната централа и дека борбените авиони на унгарските одбранбени сили го придружувале до Сегедин.

Унгарските авиони полетале кога малиот австриски авион не воспоставил радио врска со цивилната контрола на летање, јавуваат унгарските медиуми.

Унгарски борбени авиони го идентификувале австрискиот авион, воспоставиле радио врска со пилотот и го испратиле до Сегедин. Воздушниот простор на три километри од нуклеарната централа „Пакс“ е забранет за секој авион.

„Унгарските борбени авиони „Грипен“ вчера попладне беа „нападнати“ од Центарот за комбинирани воздушни операции на НАТО поради заканата за бомба на српскиот патнички авион што летал од Санкт Петербург за Белград“, соопшти унгарското Министерство за одбрана за унгарските медиуми.

Министерството соопшти дека нивни авиони го придружувале авионот А319 од унгарскиот воздушен простор.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван