Утрински Весник
Спорт

Австрискиот селектор го објави поширокиот список за ЕУРО 2020

Австрискиот селектор го објави поширокиот список за ЕУРО 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Франко Фода, го објави поширокиот список за ЕУРО 2020. Австрија се наоѓа во групата со Македонија, Украина и Холандија. Македонија против Австрија на 13.јуни во Букурешт ќе го одигра својот прв натпревар на европските првенства.

Франко Фода се определи за играчи кои долги години го носат дресот на националниот тим. До 1.јуни тој ќе мора да избрише четворица играчи од спискот.

Австрија на ЕУРО 2020 ќе ја предводи новиот играч на Реал, Давид Алаба. Покрај Алаба, најголеми ѕвезди во тимот се Марко Арнаутовиќ, Марсел Сабицер, Мартин Хинтерегер, Стефан Лајнер, Александар Драговиќ.

Подготвките за настап на ЕУРО 2020 Австрија ќе ги започне на 27.јуни. До полетокот на првенството Австријците ќе офиграат комтролни натпревари со Англија и Словачка.

> Австрискиот селектор го објави поширокиот список за ЕУРО 2020 <

Можете да прочитате

Од почетокот на сезоната блеска во Србија и порачува: Сакам да заиграм за Македонија!

Нашиот однос беше како момче и девојка, постојано се каравме и се миревме – 24info.mk

Потврдена казната на Барселона – 24info.mk