Утрински Весник
Свет

Австрискиот парламент денеска гласа за задолжителна вакцинација

Австрискиот парламент денеска гласа за задолжителна вакцинација
Dik 300x250 mk

Австрискиот парламент денеска ќе гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари.

За овој предлог се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за“ ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и либерали.

Екстремно десничарската Партија на слободата, од друга страна, жестоко се спротивставува и го критикува планот.

Задолжителна вакцинација би важела за сите граѓани над 18 години. Исклучоци се планирани за бремените жени и за сите оние кои поради здравствени причини не смеат да се вакцинираат, пренесува Јутарњи лист.

Во моментов, околу 75 отсто од луѓето во Австрија примиле две дози од вакцината. Целта на ефективна вакцинација е 90% од оние на кои им е дозволено да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија