Утрински Весник
Македонија

Австрискиот амбасадор со поддршка за реформскиот процес во делот на владеењето на правото

Австрискиот амбасадор со поддршка за реформскиот процес во делот на владеењето на правото

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, се сретна со амбасадорот на Австрија, Георг Вуцас.

На средбата, Маричиќ истакна дека Австрија покажала силна поддршка за евроинтегративните аспирации на Северна Македонија и се заблагодари на австрискиот амбасадор Вуцас за досегашната соработка.

Маричиќ истакна дека во претстојниот период, Северна Македонија ќе посвети посебно внимание на имплементација на законите и реформите во делот на владеењето на правото со цел да се изгради транспарентен, независен и непристрасен правосуден систем. Маричиќ истакна дека очекува првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите да се одржи до крајот на годината.

Амбасадорот Вуцас изрази отвореност за поддршка на реформскиот процес на земјата во делот на владеењето на правото и правосудство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес