Утрински Весник
Свет

Австриска синагога вандализирана со пропалестински графити

Австриска синагога вандализирана со пропалестински графити

Вандали оштетиле синагога во Грац, Австрија, чкртајќи го светилиштето и уште една зграда на еврејската заедница со пропалестински пароли, пренесува австриски „Кронен цајтунг“.

Според еврејските жители во областа, нападот се случил во синагогата и во салата на Еврејската заедница, а графитите содржеле пароли како „Нашиот јазик и нашата земја се црвените линии“ и „Палестина е слободна“.

Антисемитискиот напад се случил околу 23 часот во вторникот. Тоа е најновиот инцидент во растечкиот тренд на антисемитизам во градот, вели Ели Розен, претседател на еврејската заедница.

Синагогата во Грац е отворена пред околу 20 години откако била повторно изградена по уништувањето на 8 ноември 1938 година од нацистите. За време на озлогласената „Кристална ноќ“, нацистите ја запалиле заедно со канцелариите на заедницата и церемонијалната сала на локалните гробишта.

Вандализмот доаѓа само неколку месеци откако 16-годишен Германец кој бил во процес на преобратување во јудаизам беше нападнат на улиците на градот. Напаѓачите го прашале дали е Евреин бидејќи носел прстен со Давидовата ѕвезда.

„Ситуацијата значително се влоши во последните пет години, а особено во последните две или три. Не зборуваме само за десничарски антисемитизам. Сите студии покажуваат висок удел на левичарски и муслимански антисемитизам“, рече Розен во тоа време.

Грац во последниве години стана познат и како жариште на радикалниот исламски екстремизам и беше обележан како „упориште“ на радикалите во 2017 година. Според експертите, најмалку 11 од 20 џамии во градот имале врски со радикалната исламска теологија во 2017 година, а многумина биле под надзор од локалната полиција и безбедносните служби.

Во 2017 година, 25-годишен Босанец, кој живее во градот, беше уапсен откако планирал да изврши терористички чин сличен на нападот на нелегалниот мигрант Анис Амри во Берлин во 2016 година, кој уби десетина луѓе влетувајќи со камион на преполниот божиќен панаѓур.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија