Утрински Весник
Свет

Австриската министерка која танцуваше со Путин на врвот на најголемата руска нафтена компанија

Австриската министерка која танцуваше со Путин на врвот на најголемата руска нафтена компанија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руската влада ja номинираше поранешната австриска министерка за надворешни работи, од ултрадесничарската Партија на слободата, Карин Кнајсл, за член на Управниот одбор на најсилната и најголема руска државна нафтена компанија „Роснефт“, пишува московски „Комерсант“.

Карин Кнајсл всушност стана најпозната кога рускиот претседател Владимир Путин дојде на нејзината венчавка со претприемачот Волфганг Мелингер во август 2018 година, а фотографијата од нивниот заеднички танц го обиколи светот.

Во тоа време, малкумина во Европа се дружеа со Путин поради анексијата на украинскиот полуостров Крим, па тогашната австриска влада доживеа бројни критики од Брисел. Но, очигледно, шефот на Кремљ не ја заборави таа мала услуга за излегување од изолација, па сега тој одлучи да го постави својот партнер за танцување на врвот на една од најсилните светски компании за нафта.

Кнајсл, позната по своите десничарски и антиимиграциски ставови, ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел за „небрежност“ за време на тогашната мигрантска криза, а потоа ја нападна за нејзините селфија со бегалците од Блискиот исток.

Исто така, предизвика бура на ставови во кои, наводно, ги спореди ционизмот и нацизмот, што предизвика големи полемики во јавноста. Кнајсл беше новинарка, зборува седум јазици – арапски, англиски, француски, шпански, хебрејски, унгарски и италијански и работеше осум години во канцеларијата на поранешниот австриски министер за надворешни работи Алојз Мок.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинескиот министер за надворешни работи изјави дека Пекинг не може да прифати земји да дејствуваат како „светски судија“ во услови на апсењето на Мадуро

Идентификувани сите 40 жртви од пожарот во барот во Кран Монтана

Фредериксен: САД да не испраќаат закани кон своите историски сојузници за Гренланд