Утрински Весник
Свет

Австриец казнет со 1.000 евра поради заканување на Курц преку социјалните мрежи

Австриец казнет со 1.000 евра поради заканување на Курц преку социјалните мрежи

Четириесет и петгодишен Австриец е осуден на парична казна од 1.000 евра бидејќи му се заканувал на канцеларот Себастијан Курц.

Пред судот во Линц, обвинетиот рече дека му е жал за заканата што ја напишал на социјалните мрежи.

Тој вели дека причината била што бил лут поради корона мерките воведени од владата, со кои не се согласувал.

Затоа на својата слика на профилот го додал натписот „Убиј го Курц“ и под објавата на познајник додал дека канцеларот треба да се заколе, на што додал симболи на нож и сабја.

Државното обвинителство оцени дека тоа е повик за кривично дело и поддршка на кривично дело, како и кршење на законот за медиуми, за што е предвидена казна затвор до две години.

Сепак, судот одлучи парично да го казни Австриецот наместо со затвор и тој мора да плати 1.000 евра до средината на април.

Судот се сожали на приказната за обвинетиот, кој рече дека во втората половина на минатата година бил емоционално вознемирен, дека имал финансиски проблеми поради скратено работно време и дека не можел да се гледа со своите пријатели.

На крајот на судењето, обвинетиот призна дека можел да ја изрази својата критика за корона-мерките на друг начин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата