Утрински Весник
Свет

Австралијците предупредени за можно „арбитрарно притворање“ во Кина

Австралијците предупредени за можно „арбитрарно притворање“ во Кина

Австралија апелираше денеска до своите државјани кои планираат да патуваат во Кина повторно да размислат, предупредувајќи ги дека може да се соочат со „произволно притворање“ од страна на комунистичкиот режим, се вели на владината веб-страница „Смарт травелер“.

Австралиското Министерство за надворешни работи и трговија, исто така, рече дека кинеските власти и претходно апселе странци за наводно загрозување на националната безбедност.

Официјалниот совет за патувања за Кина не е променет, но сега го содржи предупредувањето дека Кина нема да се двоуми да апси странци и да ги држи како заложници за државни цели. Во него се вели:

„Кина нема да им дозволи на повеќето странци да влегуваат во Кина. Директните летови помеѓу Кина и Австралија значително се намалија. Ако и покрај нашите совети патувате во Кина, ќе подлежите на 14 дена задолжителен карантин. Барањата за карантин може за миг да се променат.

Ако веќе сте во Кина и сакате да се вратите во Австралија, препорачуваме да го сторите тоа што е можно поскоро со комерцијални летови. Властите притвораат странци за наводно загрозување на националната безбедност. И Австралијците може да бидат изложени на ризик од произволно притворање. Ние не сме го промениле нашето ниво на совети. Не патувајте во Кина.“

Новиот совет доаѓа со зголемувањето на тензиите меѓу двете земји по притисокот од австралискиот  премиер Скот Морисон за глобална истрага за справувањето со смртоносната пандемија на коронавирус во Кина.

Повикот ресипроцитетни мерки со Кина, при што Пекинг ги повика своите граѓани да не патуваат во Австралија поради, како што рече, зголемениот расизам кон кинеските посетители.

Одлуката на Австралија да им се придружи на САД и да му забрани на „Хуавеј“ какво било учество во национална 5G мрежа, исто така, останува болно прашање или трнлив проблем меѓу двете држави, потврди кинескиот амбасадор во февруари, додавајќи дека во суштината на спорот лежи дискриминацијата против кинеска компанија.

Минатата недела, Морисон исто така потврди дека владата активно размислува да им понуди безбедно прибежиште на жителите на Хонг Конг откако во поранешната британска колонија беа воведени контроверзни закони за национална безбедност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме