Утрински Весник
Свет

Австралијците избираат нова влада, ова се слики од гласачките места

Dik 300x250 mk

Интересни фотографии доаѓаат од гласачките места во Австралија, каде граѓаните денеска излегоа на избори.

Светските медиуми пренесуваат дека голем број гласачи се решиле да одговорат на повикот од австралискиот бренд за костими за капење „Budgy Smuggler“, од каде на почетокот на неделава преку социјалните мрежи ги охрабрија луѓето да го искористат своето уставно право да гласаат без панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Budgy Smuggler™ (@budgysmuggler)

Компанијата понуди бесплатен пар на секој кој гласа во костим за капење и на социјалните мрежи ќе објави фотографија со назнаката #SmugglersDecide.

Австралиските медиуми пренесуваат, дека според компанијата, сотици граѓани досега го прифатиле ваквиот повик.

Австралијците избираат нов парламент и овие избори би можеле да ги вратат опозициските лабуристи на власт по девет години конзервативна влада, но трката е тесна.

Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а се затвораат во 18 часот.

Околу 17,2 милиони гласачи треба да изберат претставници за 151 место во Претставничкиот дом со тригодишен мандат.

Се избираат и 76 претставници во Сенатот на шест години.

Партијата или коалицијата која ќе добие најмногу гласови автоматски добива задача да формира влада.

Лидерот на опозициските лабуристи Ентони Албанезе, кому анкетите му даваат мала предност за функцијата иден премиер, ги повика гласачите да му дадат шанса.

Актуелниот премиер, конзервативецот Скот Морисон, е на власт од 2018 година и се кандидира за нов мандат, но се чини дека во последните денови пред изборите ја намали предноста на лабуристите.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим