Утрински Весник
Свет

Австралија ја удвојува нарачката за „Фајзер“ поради несаканите ефекти на „Астразенека“

Австралија ја удвојува нарачката за „Фајзер“ поради несаканите ефекти на „Астразенека“

Австралија ја удвои нарачката за вакцината на „Фајзер“, изјави премиерот, Скот Морисон по одлуката за ограничување на употребата на „Астразенека“ поради ретки случаи на згрутчување на крвта.

До доцна во четвртокот, Австралија ја засноваше својата програма за вакцинација во голема мера на вакцината „Астразенека“, од која нарача 50 милиони дози, што е доволно за да се вакцинира цела нација од 25 милиони луѓе во две дози.

Но, сега се приклучи на групата земји кои ја ограничуваат употребата на вакцината поради ретката појава на згрутчување на крвта кај помладите луѓе.

Затоа, Австралија сега нарача 40 милиони дози вакцина Фајзер, удвојувајќи ја претходната нарачка.

Ваквата промена во политиката за вакцинација всушност значи дека владата нема да може да го исполни својот план за вакцинирање на целата нација до крајот на октомври.

„Ова не е забрана за вакцината „АстраЗенека“, изјави Морисон пред новинарите во Канбера по состанокот на неговата влада.

„Луѓето постари од 50 години сè уште се препорачува да се вакцинираат со вакцината „АстраЗенека“, рече Морисон.

Повеќе од десетина земји во одреден момент привремено ја прекинаа вакцинацијата со „АстраЗенека“, но повеќето продолжија да го прават тоа, но сега ја ограничуваат употребата на вакцината на постара популација.

Шпанија, Холандија и Португалија во четвртокот објавија дека ќе ја ограничат употребата на вакцината на над 60-годишна возраст.

Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс, каде живеат речиси две третини од населението, престана да користи „АстраЗенека“ сè додека не ги добијат сите податоци што можат да ги информираат пациентите за ризиците.

Дури и пред Австралија да ја удвои нарачката за вакцината „Фајзер“, „АстраЗенека“ објави дека ја почитува австралиската одлука и работи со регулаторите ширум светот „за да разбере индивидуални случаи, епидемиологијата и можни механизми што можат да ги објаснат овие исклучително ретки појави“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во средата објави дека има извештај за 169 случаи на ретко нарушување во формирање на тромб на 34 милиони дози вакцина „АстраЗенека“, т.е. еден случај на 100 000 вакцинирани под 60-годишна возраст.

Повеќето од овие случаи се пријавени кај жени на возраст под 60 години и во рок од две недели по вакцинирањето.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година