Утрински Весник
Свет

Австралија: По цели 14 години загина човек од смртоносен убод на медуза

Тинејџер на возраст од 17 години, од австралиската држава Квинсленд, почина од убод на медуза, што е прва смрт во таа земја од ова подводно животно по цели 14 години.

Момчето пливало кога на него наишла медуза позната као морска оса, која се смета за најотровната медуза и едно од најопасните морски животни, објави австралискиот сајт „7њуз“.

Несреќата се случила на 22 февруари, итната помош пристигнала брзо, го интубирала тинејџерот, кој потоа со хеликоптер бил пренесен во болница, на оддел за интензивна нега.

Полицијата во Квинсленд денес потврди дека момчето починало во понеделникот.

Откако почнале да се бележат нападите на морската оса, од 1880 година во Австралија се забележани најмалку 70 смртни случаи, но смртта на момчето е прва во последните 14 години.

Претходниот пат, настрада шестгодишно дете, кога во 2007 година го нападнала медуза во Северната територија на Австралија.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота