Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Австралија забележа рекорден број на смртни случаи oд коронавирус

Австралија забележа рекорден број на смртни случаи oд коронавирус
Img 7972

Австралија забележа рекорден дневен број на смртни случаи поврзани со коронавирус, додека бројот на новозаразени беше најмал во последните две недели.

Официјални лица од втората најнаселена држава Викторија, која стана жариште на вирусот, објавија дека 19 лица починале во последните 24 часа. Со смртните случаи забележани и во другите држави, ова претставува најголем пораст на починати, досега.

Викторија има забележано 322 нови случаи на заразени во последните 24 часа, што е најмал број на дневно ниво од 29 јули.

Австралија со околу 21.000 заразени и 314 смртни случаи е сè уште далеку од многу други земји.

Бразил забележа 23.010 нови случаи на зараза и 572 смртни случаи, објави во неделата Министерството за здравство. Во таа земја, од почетокот на пандемијата се заразени 3.035.422 лица, додека бројот на починати се искачи на 101.049.

Мексиканското Министерство за здравство објави дека во неделата биле потврдени 4.376 нови случаи на инфекција и 292 смртни случаи, со што вкупниот број заразени изнесува 480.278, а починале 52.229 лица.

Мексико е трета земја во однос на смртните случаи по Соединетите држави и Бразил.

Кина објави за 49 нови случаи во земјата, од кои 35 од странство.

Според Ројтерс, повеќе од 19,73 милиони луѓе се заразени ширум светот, додека 726.414 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир