Утрински Весник
Свет

Австралиски министер: Mора да се подготвиме за војна за да го зачуваме мирот

Австралиски министер: Mора да се подготвиме за војна за да го зачуваме мирот
Dik 300x250 mk

Австралискиот министер за внатрешни работи Мајк Пецуло изјави дека среде зголемените тензии во светот, либералните демократии мора да бидат подготвени за војна.

Целта, рече тој, е да се зачува мирот. Во тој контекст, Пецуло додаде дека се зголемува можноста за избувнување војна.

Пецуло не објасни што го навело до оваа процена, но според Ројтерс, тоа е во согласност со влошувањето на односите меѓу Австралија и Кина.

Австралискиот министер за одбрана Питер Датон претходно оцени дека не треба да се исклучи можноста за конфликт со Кина.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Ванбин изрази надеж дека Австралија е свесна за чувствителната природа на овој проблем и оцени дека Австралија треба да избегне испраќање погрешни сигнали за независноста на Тајланд.

Можете да прочитате

Европратеници бараат смена на Вархеји

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета

Уапсени се осомничените за грабежот во Лувр