Утрински Весник
Македонија

АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за ТВ Вис

АВМУ ќе донира дополнителни финансиски средства за ТВ Вис

Скопје, 29 март 2020  (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе донира финансиски средства на ТВ Канал Вис Струмица со цел да и помогне на телевизијата во санирање на последиците од пожарот кој ја зафати на 25 март, во којшто беа опожарени телевизиското студио и техниката.

Од АВМУ соопштија дека станува збор за доделување дополнителни финансиски средства, покрај оние коишто на 25 март им беа доделени на сите радиодифузери, меѓу кои и на ТВ Канал Вис.

Одлуката за донација, како што информираа, Агенцијата ќе ја донесе на седницата закажана за 2 април 2020 година.

– Се надеваме дека телевизијата набрзо ќе ја надмине оваа состојба и дека и понатаму ќе биде дел од медиумскиот плурализам на регионално ниво, односно дека ќе продолжи со емитување програма и содржини од значење за регионот Д4, којшто опфаќа повеќе населени места, наведоа од АВМУ. см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

Се работи на проект за целосна реконструкција на автопатот од Демир Капија до српска граница и скопската обиколница

во рамките на Демант: Никогаш немало проект за тренирање на магариња во Erasmus+ програмата