Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

АВМУ: Советот одлучува самостојно, без какво било влијание

АВМУ: Советот одлучува самостојно, без какво било влијание
300x250 opst2

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги категорично ги отфрла наводите на Здружението на новинари на Македонија дека директорот на Агенцијата, на седницата одржана на 15 јули се обидел да влијае на членовите на Советот, да донесат одлука на штета на телевизите Алсат-М и ТВ Телма.

„ Советот на Агенцијата, како што е утврдено со закон, одлуките ги носи со мнозинство гласови од вкупниот број членови, врз основа на материјали подготвени од Стручната служба. Извештаите за надзор, меѓу другото, содржат констатации од надзорот, опис на прекршувањето и предлог-мерка. За време на одржувањето на седница, вообичаена пракса е да се отвори дискусија по точките на дневен ред, во чии рамки се изнесуваат поединечните мислења и ставови и се споделувааат сознанија и информации поврзани со материјалите кои се дискутираат. На споменатата седница, Советот, едногласно донесе одлука да се покренат прекршочни постапки против ТВ Телма и Алсат – М поради прекршување на изборниот молк.

Обраќањето на директорот на Агенцијата во врска со прекршувањето на ТВ Телма на изборниот молк во кое тој изнесува добиени информации не може да се толкува како обид за влијание. Напротив, членовите на Советот треба да бидат запознаени со сè што се случува во медиумската сфера, особено кога станува збор за сериозни прашања како вршење притисок врз медиумите. Ваквите прашања треба да бидат во фокусот на јавните дискусии и наместо да се „жигосуваат“ оние коишто ги обелоденуваат информациите, релевантните страни треба да вложат напори за нивно надминување и да ги поттикнат оштетените субјекти да ги процесуираат пред надлежните органи“ се вели во реакцијата на Советот на АВМУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места