Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Од утре прекршочни за радиодифузерите кои ќе продолжат да емитуваат ППР со малолетници

АВМУ: Од утре прекршочни за радиодифузерите кои ќе продолжат да емитуваат ППР со малолетници
Dik 300x250 mk

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

– Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка, наведуваат од АВМУ.

За да се избегнат ваквите случаи, оттаму апелираат радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат. Воедно ги повикуваат учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите. мс/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!