Утрински Весник
Македонија

АВМУ: Да не се фаворизираат медиуми при споделување информации

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги:На сите медиуми да им се овозможи еднаков пристап за известување

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Агенцијата за аудио и аудиовизеулни медиумски услуги денеска упати апел да не се фаворизираат медиуми при споделување информации поврзани со бројот на заразени од КОВИД-19

-Поради појавата на непроверени и нецелосни информации поврзани со бројот на заболени од КОВИД-19 во државава, потсетуваме дека во ваква ситуација точното и навремено информирање на граѓаните е врвен приоритет и од суштинско значење за јавниот интерес. Воедно, забележана е практика надлежни здравствени институции да фаворизираат одредени медиуми и тие први да ги добиваат информациите поврзани со коронавирусот. Агенцијата повторно апелира надлежните органи да дистрибуираат целосни информации до сите медиуми истовремено и на сите да им овозможат еднаков пристап до нив. Во спротивно, тие можат да станат потенцијален извор на дезинформации, соопшти АВМУ.

Истовремено, ги повикуваат медиумите, имајќи ја предвид нивната општествено одговорна улога, при своето работење да се водат од професионалните новинарски стандарди и принципи, а не од принципот на ексклузивитет.лв/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов бран на измами преку Вибер – Еве на што да внимавате

ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Многу топло во Македонија уште претпладнево

Во вторник и среда уписи на УКИМ, има место за 9.719 бруцоши