Утрински Весник
Македонија

Авзиу: ДУИ создаде можност за вработување на 25 илјади административци

Авзиу: ДУИ создаде можност за вработување на 25 илјади административци

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Демократската Унија за Интеграција, во изминатите години успеа да создаде можности за вработување на околу 25 илјади административци Албанци во сите домашни институции. Ова денеска го изјави Адем Авзиу, државен Секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, кој уште додаде дека ДУИ ја подобрил и правичната застапеност од два на над 20 посто.

– Нашата грижа за административците продолжува со измената на Законот за административни службеници, со што се олеснува можноста за напредок, како и прифаќање на високото образование за сите административни службеници кои биле прифатени со средно образование и во меѓувреме го завршиле своето високо образование”, изјави Авзиу.

Воедно, тој истакна дека со новиот закон секој државен службеник кој на едно работно место, бил на едно исто ниво, имајќи ја предвид и последната оценка од преоценувањето ќе има можност за унапредување од пониската позиција на повисоката во работното место. Оваа можност државните службеници ќе ја имаат од 1 септември 2020 година. оџ/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер