Утрински Весник
Магазин

„Аватар“ си ја врати титулата филм со најголема заработка

„Аватар“ си ја врати титулата филм со најголема заработка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе од една деценија од неговата премиера, „Аватар“ е повторно филм со најголема заработка на сите времиња – откако ја поврати посакуваната титула од Марвеловиот „Одмаздници: Ендграм“.

Научно-фантастичниот блокбастер на Џејмс Камаерон успеа да го постигне импресивниот подвиг изминатиот викенд благодарение на повторното прикажување во Кина.

Епската научно-фантастика на Џејмс Камерон дебитираше во 2009 година и ја држеше глобалната титула во боксофисот цела деценија, сè додека не беше надминат од „Одмаздници: Ендграм“ во 2019 година.

По повторното објавување на „Аватар“ во најголемиот светски пазар за гледање филмови – Кина, вкупната продажба во светот, се зголеми на 2.8 милијарди долари изминатиот викенд.

„Аватар“ го узурпираше филмот за епската романса и катастрофа „Титаник“, во режија и сценарио на Камерон, за да стане филм со најголема заработка во историјата на кинематографијата уште во 2010 година.

Во процес на изработка се четири продолженија на „Аватар“. Премиерата на следниот од серијалот „Аватар“, кој неколку пати беше одложен, сега е закажана за декември 2022 година.

Кина е филмски пазар со најдобри перформанси од избивањето на пандемијата, коментираат медиумите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Со пешачење до прочистување на организмот по празниците

Опасности од комбинирање на лекови со пијалаци: Зошто е важно да се користи само вода

Новогодишни верувања што ветуваат среќа, љубов и пари во новата година