Утрински Весник
Свет

Абхазија бара Русија да ѝ направи теренска болница за пациентите со Ковид-19

Абхазија бара Русија да ѝ направи теренска болница за пациентите со Ковид-19
Dik 300x250 mk

Абхазискиот министер за одбрана, Владимир Ануа, побара од својот руски колега Сергеј Шојгу да отвори теренска болница со 500 легла во неговата земја, потребна за лекување на растечкиот број на пациенти со Ковид-19, пренесува ТАСС.

„Ве молиме да обезбедите итна помош и да ѝ испратите на Република Абхазија теренска болница со капацитет од 500 легла заедно со медицински персонал, специјална опрема и потребни лекови“, стои во писмото објавено од новинската агенција „Апснипрес“ во Абхазија.

Во писмото Ануа вели дека епидемиолошката состојба во Абхазија е значително влошена, а бројот на случаи со Ковид-19 од неодамна пораснал.

Ситуацијата со Ковид-19 во републиката почна да се влошува на 22 јули. Меѓу 7 април и 15 јуни Абхазија имаше само 38 случаи на коронавирус и еден смртен случај. Од 22 јули земјата регистрира 2.392 заразени и 22 смртни случаја.

Единствената републичка болница, која прифаќа пациенти со коронавирус, Централната регионална болница „Гудаута“, е исполнета до крај, а повеќето од заразените се лекуваат дома.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп