Утрински Весник
Спорт

Абрамович парите од Челси ќе ги даде за Украинците, но и за Русите

Абрамович парите од Челси ќе ги даде за Украинците, но и за Русите
Dik 300x250 mk

Планот на Роман Абрамович за продажба на Челси и користење на средствата за формирање на фондација за помош на погодените од војната во Украина нема да значи дека сите средства ќе одат за Украинците, туку и за Русите, отварајќи можност парите да одат кај семејствата на руските војници, јавува „Гардијан“.

Абрамович во средата потврди дека ќе го продаде Челси по 19 години владеење со лондонскиот клуб, и најави формирање на фондација за „доброто на сите жртви од војната во Украина“. „Гардијан“ побарале објаснување од Челси за изјавата, по што им било одговорено дека фондацијата ќе биде за сите жртви на војната и нема да биде поврзана со етничко или национално потекло.

Англиките медиуми тврдат дека Абрамович бара 4 милијарди фунти за Челси и дека нема да побара враќање на долгот од 1.5 милијарди фунти кој клубот го има лично кон него од 2003 година. Реалната сума која ќе ја добие е поблиску до 2 милијарди фунти.

> Абрамович парите од Челси ќе ги даде за Украинците, но и за Русите <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони