Челси потврдија дека го комплетирале трансферот на Бен Чилвел од Лестер сити во договор вреден 50 милиони фунти. 23-годишниот лев бек потпиша петгодишен договор за „сините“.
„Пресреќен сум што се приклучувам на Челси во многу возбудливо време за клубот. Едвај чекам да бидам дел од овој млад и динамичен тим предводен од Френк Лампард со кој ќе се бориме за титули следната сезона“, вели Чилвел.
Англичанецот беше дел од младинската академија на Лестер, пред да стане клучен играч за сениорскиот тим, за кој имаше 123 настапи и со кој ја освои Премиер лигата во 2016. Директорот на клубот, Марија Грановскаја е презадоволна.
„Бен ни носи искуство во Премиер лигата, Лигата на шампионите и покрај неговите години. Распоредот за 2020/21 е посебно напорен, така што ни се потребни квалитетни фудбалери“, вели Грановскаја.
Чилвел е трет (скап) фудбалер кој го комплетира трансферот на „Стемфорд бриџ“, откако веќе ги обезбедија Тимо Вернер од РБ Лајпциг и Хаким Зијеш од Ајакс.
Покрај тоа, се верува дека е готов договорот за Каи Хаверц од Баер Леверкузен, и пристигнувањето на 21-годишниот дефанзивец Маланг Сар од Ница, кој доаѓа како слободен играч. На крај, тука е и 35-годишниот Тијаго Силва, капитенот на Пари Сен-Жермен, со кого преговорите се при крај.
BEN
IS
BLUE.Welcome to Chelsea, @BenChilwell! ? #BenIsBlue
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 26, 2020
> Абрамович и Челси градат нов супер-тим – го купија Чилвел за 50 милиони фунти <