Утрински Весник
Свет

Абрамович го прашувал докторот дали ќе умре, објави „Њујорк тајмс“

Абрамович го прашувал докторот дали ќе умре, објави „Њујорк тајмс“

„Њујорк тајмс“ објави интересен детал поврзан со приказната за наводното труење на рускиот олигарх, Роман Абрамович и украинските преговарачи.

Приказната за симптомите на труење кај неколку луѓе ја потврдија и „Волстрит журнал“ и „Белингкет“, холандско здружение на истражувачки новинари, специјализирано за проверка на наводите со сомнителен кредибилитет.

Иако руски и американски претставници ги доведоа во прашање ваквите тврдења, Кристо Грозев од „Белингкет“ вели дека останува на посоченото. „Не знаеме кој го направил тоа, но нешто се случило“, вели тој, додавајќи дека наскоро ќе може да објави повеќе информации за актуелниот инцидент.

„Се обидуваме да најдеме рамнотежа помеѓу заштитата на приватноста и безбедноста на поединците и правилното информирање на јавноста“, вели Грозев.

Симптомите на Абрамович и украинските преговарачи биле толку изразени што во еден момент Абрамович го прашал научникот што го испитувал: Дали умираме?, објави „Њујорк Тајмс“. Таа информација ја потврдило лице кое присуствувало на прегледот, според онлајн изданието на весникот.

„Експертите кои ги прегледаувале Абрамович и украинските преговарачи велат дека дозата и видот на отровот не биле доволни за да предизвикаат штети опасни по живот и најверојатно имале за цел да ги исплашат жртвите наместо да предизвикаат трајна штета“, напиша „Белингкет“ на „Твитер“.

Можете да прочитате

Им требаат келнери, возачи, месари…: Кои профили се недостасуваат во Германија?

Мароко планира да убие три милиони кучиња скитници за Светското првенство

Арбен Таравари поканет на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп