Утрински Весник
Свет

Абазовиќ: Нападот во Цетиње е трагедија која Црна Гора не ја памети

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ во петокот изјави дека нападот во Цетиње, во кој загинаа единаесет лица, е трагедија која Црна Гора не може да ја памети.

dobivaj vesti na viber

„Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на главниот град Цетиње“, рече Абазовиќ на Телеграм.

Црногорските медиуми јавуваат дека триесет и четиригодишниот Вучко Бориловиќ од Цетиње уби 11 лица, а рани шестмина од кои еден полицаец, а меѓу убиените има и деца.

Како што јавуваат подгоричките медиуми, станува збор за семејна трагедија. Наводно, откако пукал во членовите на неговото семејство, Бориловиќ излегол на улица и пукал во случајни минувачи. Напаѓачот е убиен.

Црногорската полиција се уште нема официјално соопштение во врска со трагедијата.

Можете да прочитате

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран