Утрински Весник
Македонија

АА и Алтернатива: Владата ги дискриминира своите граѓани, а ги привилегира Србите

АА и Алтернатива: Владата ги дискриминира своите граѓани, а ги привилегира Србите

Владата која не стигна навремено да обезбеди вакцини против Ковид-19 за граѓаните, а еден мал број на вакцини обезбеди од Србија, која ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија да се вакцинираат таму, сега ќе ги награди граѓаните на Србија ослободувајќи ги од патарините. Министерот за Здравство, Венко Филипче, заедно со Владата, со широкоградност кон граѓаните на Србија сака да го покрие неговиот срам и неспособност за невремено обезбедување на вакцини за да се спасат животи, обвинуваат од коалицијата АА и Алтернатива.

„ Од друга страна имаме многу села што се на самиот автопат и тие граѓани секој ден плаќаат патарини на наплатните места иако нивните села се наоѓаат на само 2-3 километри од наплатните пунктови“ велат од коалицијата.

Тие ја потсетуваат Владата на протестите на граѓаните од селото Тетовско Седларце, коишто протестираа барајќи ослободување од патарината, бидејќи нивното село се наоѓа на непосредна близина од 3 км од наплатното место, а тие немаат алтернативен пат.

„ Слични случаеви има многу во регионот на Гостивар, Куманово, Скопје, Велес итн.

Неприфатливо е ова, на српските граѓани да им се овозможува бесплатно користење на автопатите на Северна Македонија во одреден период, додека на нашите иселеници им се наплатува на наплатните пунктови во евра по висок курс споредено со службениот. Имаме илјадници администратори од градовите на Тетово, Куманово, Гостивар, Велес и Кичево коишто секојдневно патуваат за Скопје плаќајки ги сите патарини по нашите автопати достигнувајќи високи суми, за кои не постои никаква олеснителна мерка иако пред многу години Владата на Северна Македонија ги ослободи од патарини државните административни службеници. Ова е лажната широкоградност на Министерот Филипче и на оваа Влада кои ги ограбуваат нивните граѓани, додека се претставуваат џентлмени пред србските граѓани“ реагираат од коалицијата.

Можете да прочитате

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%