Утрински Весник
Свет

Џонсон за руската инвазија: Катастрофа за нашиот континент, повикувам на итен состанок на сите лидери на НАТО

Џонсон за руската инвазија: Катастрофа за нашиот континент, повикувам на итен состанок на сите лидери на НАТО

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе и се обрати на нацијата во британскиот парламент за руската инвазија врз Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, се огласи на Твитер по повод последните настани во украинските градови, кои утрово беа потресени од бројни експлозии.

„Ова е катастрофа за нашиот континент“, рече Џонсон и најави дека ќе и се обрати на нацијата во британскиот парламент за руската инвазија на Украина.

„Ќе разговарам и со моите колеги лидери на Г7 и ќе повикам што поскоро на итна средба на сите лидери на НАТО“, рече британскиот премиер.

Можете да прочитате

Загубите на американските авиони во судирите во Иран се зголемија на седум

Иран постави пет услови за завршување на војната

Полициски службеници „оставиле торба со оружје“ пред домот на градоначалникот на Лондон