Утрински Весник
Свет

Џил Бајден ги посети американските војници во Словачка, се сретна и со бегалците од Украина

За време на нејзината посета на американските војници во Словачка, првата дама на САД Џил Бајден се сретна и со украински бегалци, жени и деца.

Бајден разговарала со семејствата кои побегнале од Украина, со волонтери и со работници од локалната самоуправа во бегалскиот центар во источниот словачки град Кошице, пренесува Ројтерс.

„Срцата на американскиот народ се со мајките на Украина“, рече Џил Бајден.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба