Утрински Весник
Свет

„Јутјуб“ ги блокира каналите на руските државни медиуми во целиот свет

„Јутјуб“ ги блокира каналите на руските државни медиуми во целиот свет

„Јутјуб“ објави дека ќе ги блокира сите руски државни канали на својата платформа, ширум светот.

Одлуката стапува во сила веднаш.

„ Нашите упатства забрануваат негирање, минимизирање или банализирање на содржината на насилни настани за кои е добро документирано дека се случиле, и ја отстрануваме содржината за руската инвазија на Украина што ги прекршува овие правила. Според тоа, ги блокираме каналите на „Јутјуб“ поврзани со руските државни медиуми на глобално ниво. Тоа стапува на сила веднаш“, се вели во соопштението на „Јутјуб“.

Можете да прочитате

Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Рубио: САД се задоволни од напредокот во Венецуела, на Куба ѝ се потребни реформи

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни