Утрински Весник
Спорт

Јуниорите на Горица и Хајдук играа фудбал, тренерите се тепаа

Dik 300x250 mk

Натпреварот меѓу јуниорите на Горица и Хајдук, во Хрватска, беше прекинат во 58. минута. Судијата го прекинал натпреварот бидејќи се степале тренерот на Горица Свен Рајиќ и тренерот на голманите на Хајдук, Ивица Рогуљиќ.

Домашниот тренер Рајиќ се доближил до клупата на Хајдук со намера да ја земе топката. Неговиот колега Рогуљиќ ја зел топката и го погодил колегата со неа по што започнала тепачката.

Прекинот траел 12 минути, а главни учесници во овој инцидент тренерите. Црвени картони ги добија сторителите на овој инцидент, како и главниот тренер на Хаџук, Маријан Будимир, кој учествувал во тепачката.

Натпреварот заврши со резултат 1:0 во корист на Горица, а победничкиот гол беше постигнат во петтата минута од натпреварот.

> Јуниорите на Горица и Хајдук играа фудбал, тренерите се тепаа <

Можете да прочитате

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

НБА може да ја промени политиката за обложување по апсењата на Розиер и Билапс

Претседателот на ФФМ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА