Утрински Весник
Спорт

Јувентус лесно мина низ Болоња

Фудбалерите на Јувентус успешно го минаа гостувањето на „Ренато Делара“ во Болоња. „Старата дама“, во 18.коло, забележа победа од 2:0.

Јувентус во раната фаза на натпреварот го постигна првиот гол. Во шестата минута, асистенцијата на Бернардески во гол ја претвори Алваро Мората.

Болоња не успеа да одговори и покрај шансите кои ги имаа Сванберг и Домингез.

Кога Болоња не успеа да ја материјализира добрата игра во вториот гол, казната ги стигна преку Хуан Квадрадо.

Јувентус со деветтата победа во сезоната, се израмни на петтото место со Рома. Болоња по третиот пораз во низа ќе остане на десеттото место.



> Јувентус лесно мина низ Болоња <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026