Утрински Весник
Спорт

Јувентус во првиот натпревар од шампионатот по рестартирањето ја совлада Болоња

Рекордно високи плати во Серија „А“ оваа нова сезона

Болоња, 23 јуни 2020 (МИА) – Актуелниот италијански шампион Јувентус синоќа ја победи Болоња на гостински терен со 2:0 во натпревар од 27. коло.

За двете екипи ова беше прва средба во Серија А по продолжувањето на сезоната.

Поради коронавирусот, натпреварот се одигра без публика.

Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо од пенал и Пауло Дибала, двата во првото полувреме.

Јувентус со 66 бода е лидер на табелата во Серија А, Болоња е 10-та со 34 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026