Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јокиќ и Мареј „свиреа“ џез

Јокиќ и Мареј „свиреа“ џез
Img 7972

Никола Јокиќ и Џамал Мареј одиграа натпревар за паметење против Јута Џез. Најдобрите играчи на Денвер Нагетс го предводеа својот тим до победата 115.107, со што Нагетс избегна елиминација. Јута во серијата води со 3:2.

Јокиќ одигра четвртина која долго ќе се прераскажува. Српскиот центар првиот период од натпреварот го заврши со 21 поен, не промаши ниту еден шут од поле. Јокиќ погоди пет тројки од исто толку обиди. На крајот мечот го заврши со 31 поен, шест скока и четири асистенции.

Џамал Мареј беше најефикасниот на натпреварот со 42 поени. Канаѓанецот од поле погоди 17 од 26 шутеви. Два дена претходно Мареј во поразот на Денвер постигна 50 поени.

Мареј стана првиот играч во историјата кој во плејофот на два последовни натпревари постигнал најмалку 40 поени без ниту една загубена топка.

Шестиот меч од оваа серија на програмата е во петок, а евентуалната мајсторка ќе се игра во недела.



> Јокиќ и Мареј „свиреа“ џез <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент