Утрински Весник
Спорт

Јокиќ за 29 минути го затрупа кошот на Њујорк

Јокиќ за 29 минути го затрупа кошот на Њујорк

Кошаркарите на Денвер Нагетс, забележаа победа во дуелот со Њујорк Никс 113:97. Оваа победа е десетта за Нагетс на последните 12 натпревари. Денвер до победата ги предводеше најдобриот играч, Никола Јокиќ.

Кандидатот за МВП наградата, го затрупа кошот на Никс во првата четвртина, во која постигна 24 поени. Јокиќ на теренот мина 29 минути, постигна 32 поени, на кои придодаде 12 скокови и шест асистенции.

Во последната четвртина, Јокиќ не играше, бидејќи разликата беше поголема од 18 поени.

Покрај Јокиќ кај Денвер се истакнаа и Остин Риверс со 25 поени, односно Мајкл Портер со 17 поени и шест скока и Факундо Канпацо со 16 поени и девет скока.

> Јокиќ за 29 минути го затрупа кошот на Њујорк <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026