Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Јокиќ броеше до 35, Денвер загуби од Далас на Дончиќ

Јокиќ броеше до 35, Денвер загуби од Далас на Дончиќ
Img 7972

Лука Дончиќ со Далас Маверикс, го доби дуелот против Денвер Нагетс и Никола Јокиќ. Далас славеа со 111:101 и ја прекинаа серијата на Денвер од пет последовни победи.

Далас, со пресврт во последниот период успеа да ја обезбеди победата. Денвер во еден момент имаа предност и од 13 поени. Последниот период Далас го добија со 32:18.

Прво има на натпреварот беше Никола Јокиќ. Асот на Денвер постигна 35 поени (најмногу оваа сезона), на кои придодаде 16 скока, шест асистенции и две блокади.

Најефикасен кај Далас беше Кристапс Прозингос со 29 поени (17 во првото полувреме) и 11 скока. Лука Дончиќ забележа 23 поени, осум скока и 11 скока.



> Јокиќ броеше до 35, Денвер загуби од Далас на Дончиќ <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025