Утрински Весник
Спорт

Јавно го критикувал претеседателот Лотито, Луис Алберто ќе замине Лацио

Јавно го критикувал претеседателот Лотито, Луис Алберто ќе замине Лацио
Dik 300x250 mk

Евертон, Јувентус и Интер го следат фудбалерот на Лацио, Луис Алберто. Овие клубови, како што пишува „Газета дело Спорт“, во јануари ќе се обидат да го реализираат трансферот на 28-годишниот фудбалер.

Луис Алберто, неодамна, јавно го критикувал претседателот на Лацио, Клаудио Лотито. Медиумите тврдат дека поради ваквите критики тој повеќе нема иднина во клубот од „Олимпико“.

Покрај споменатите три клуб, интерес за Луис Алберто, покажале и неколку екипи од Шпанија.

Неодамна на платформата „Твич“, Алберто, го критикувал претседателот Лотито, кога дознал дека тој си купил нов авион.

„Авион? Убаво, но можеше и на фудбалерите да им ги исплати платите. Купува работи, а нас не ни дава плата“, рекол Алберто.

> Јавно го критикувал претеседателот Лотито, Луис Алберто ќе замине Лацио <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето