Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ на годишнината од НАТО-бомбардирањето: Да не се заборави!

Ѓоковиќ на годишнината од НАТО-бомбардирањето: Да не се заборави!

На 22-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО на поранешната Сојузна Република Југославија се јави и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, со приказна на социјалните мрежи и со порака да не се заборави 78-дневниот напад, во кој загинаа речиси 1.500 луѓе.

„Денеска е годишнината од почетокот на 78-дневното бомбардирање на Југославија од страна на НАТО во 1999 година. Сеќавањата на тоа време уште се свежи и важно е да најдеме време да се осврнеме на историјата“, напиша Ѓоковиќ на англиски јазик со неколку фотографии.

Ѓоковиќ, кој тогаш имал 12 години, неколкупати го коментира криењето во скривниците и обидите да се тренира додека врз Белград паѓаа бомби.

> Ѓоковиќ на годишнината од НАТО-бомбардирањето: Да не се заборави! <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026