Утрински Весник
Спорт

Штафетно злато за Шведска во бијатлон

Штафетно злато за Шведска во бијатлон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штафетата на Шведска, го освои златото на Зимските олимписки игри во Пекинг, во бијатлонската штафета 4×6 километри.

Лин Персон, Мона Брорсон, Хана Оерберг и Елвира Оерберг, по голема борба, благодарение на одличното трчање, во целта влегоа со време 1:11:03.9 часа. На стрелиштето Швеѓанките шест пати промашија, но немаа ниту една казна.

Второто место го освои руската штафета. Ирина Казакевич, Кристина Резцова, Светлана Миронова и Ултана Нигматулина, имаа предност до второт гаѓање во третата измена, кога добија еден круг казна. Тука ја изгубија предноста од одличните Швеѓанки. На крајот во целта имаа 12 секунди послаб резултат од победничката штафета.

Бронзата им припадна на Германките: Ванеса Војт, Ванеса Хајнц, Франсиска Пројс и Дениз Херман.

> Штафетно злато за Шведска во бијатлон <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата