Утрински Весник
Спорт

Шпанците тврдат – Реал и Јувентус со едногодишна суспензија, „кралевите“ исфрлени и од полуфиналето

Шпанците тврдат – Реал и Јувентус со едногодишна суспензија, „кралевите“ исфрлени и од полуфиналето
Dik 300x250 mk

Шпанската публикација „Депортес куатро“ тврди дека Реал Мадрид и Јувентус ги очекува исфрлање од европските натпреварувања на една година поради „лидерството“ на проектот на Европската суперлига, а „кралевите“ ќе бидат исфрлени и од овогодишното натпреварување.

Шефовите на УЕФА утре иамат состанок, и според шпанските извори, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека Реал и Јувентус се главните лидери на проектот на Суперлигата, но ваква одлука би предизвикала уште еден „земјотрес“ во европскиот фудбал, иако УЕФА има таква можност.

Сепак, дел од членките на УЕФА бараат постојан дијалог и „простување“ за прекршокот, иако во средата самиот Чеферин призна дека има „мала можност“ да се откаже полуфиналето од ЛШ помеѓу Реал и Челси следната недела. Иако двата клуба беа дел од „валканите 12“, Челси беа меѓу првите клубови кои се повлекоа по протестот на фановите.

> Шпанците тврдат – Реал и Јувентус со едногодишна суспензија, „кралевите“ исфрлени и од полуфиналето <

Можете да прочитате

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување

Победа за македонските млади ракометари на квалификациите во Луксембург