Утрински Весник
Спорт

Шкендија сака нов триумф над Валмиера и двомеч со АИК

Македонскиот претставник Шкендија вечерва (20 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува летонскиот тим Валмиера во реваншот мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. По првиот дуел, тетовци имаат еден гол предност (1:2) и посакуваат да го потврдат пласманот во следната рунда со уште еден триумф.

dobivaj vesti na viber

„Имаме квалитет, фудбалерите ја имаат потребната самодоверба и размислуваме за победа. Секако, нема да го потцениме противникот кој имаше неколку изгледни шанси на првиот меч, но не ги реализираше. Имаме респект за Валмиера, но ние сакаме пласман понатаму и се надеваме дека ќе ја реализираме целта поддржани од нашите навивачи“, изјави тренерот на Шкендија, Артим Шаќири.

Доколку ја елиминира Валмиера, Шкендија во следното коло ја очекуваат дуели со шведскиот тим АИК.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара