Утрински Весник
Македонија

Шилегов до Мицкоски: Не се љути на тие што те наместиле да се излеташ денес

62c8caea be89 4bac 988d 40ab63d54b31

Ех, Христијане, Христијане …

Да бидам искрен, воопшто не сум изненаден од продолжетокот на твоите манипулации со фб постови. Но, да одиме со ред:

1. Манипулативно, кога зборуваш за цената, за цената на загрбската скала кажуваш цена без ддв, а за скопската со ддв. Така ти изгледа посоектакуларно, нели ? Тогаш, скопската не е 1.7 милиони евра, туку 1.4

2. Ова е список на дополнителната опрема која што ја има скопското, но го нема загебското возило (дополнителна опрема во доградбата):

– компјутерска стабилизација на корпа
– РЦ 400 корпа за 4 луѓе плус
– монтажа на корпа носилка за повредени
– фен или чафовлекач кој се монтира на самата корпа
– електромагнетна стабилност
– агрегат за струја (за работа на скалата без погон на возилото)
– негативен нагип на корпа до 8 метри во минус
– сајла за спуштање на пожарникари
– дополнителна скала за од корпа до кров
– довод на вода за употреба на млазницата за гасење монтирана на сама корпа
– подвижен под на корпа
– компјутерска нивелација на цела надградба лево десно

Списокот е подолг. Ова се основните разлики. Веројатно сега ти е појасно зошто и каде има разлика во цената ?

3. Загреб во изминативе 30 години набави 5 вакви возила. Ова им е шесто. Скопје ниедно. Ова е прво. 27 години владеевте во Скопје. Ниту ЕДНО возило …

Не се љути на тие што те наместиле да се излеташ денес. Со задоволство ќе ти ја доставам целокупната документација. И на скопското и на загребското возило. Сам да ја воочиш разликата. Дури и кафе ќе те почастам (за брља, барај си ги твоите од пратија што денес дадоа такво соопштение (одговор)) и размисли, добро размисли, каде ја водиш својата партија и нашата Македонија (Република Северна Македонија) со ваквото свое “раководење”.

Те бендисувало тоа или не, Скопје е една многу поинаква приказна од вашето време. И граѓаните на Скопје тоа го знаат. Го знаеш и ти. И затоа манипулираш (да не кажам свесно лажеш). И одговорот, токму тие, граѓаните ќе ти го дадат во октомври. Кога ќе изберат континуитет на градот и ќе кажат не на “сакам кажам, не знам речам” и “тргни,застани” политикте кои ги водиш …

И ќе те поразат. Скопјани. И свесен си за тоа ?.

П.С. Во прилог 3 нови видеа од тоа што се’ има кај нас, ама нема во Загреб

П.П.С. Помина времето кога за споменик од 100.000 евра се плаќаше по 10.000.000 евра. Помина и никогаш нема да се врати напиша на својот фејсбук Петре Шилегов

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ