Утрински Весник
Свет

Шест француски туристи убиени во Нигер

Шест француски туристи убиени во Нигер

Шест француски туристи, нивниот возач и водич биле убиени денес во Нигер, изјави гувернерот на провинцијата Тилабери, Тиџани Ибрахим Катиела, јави АФП.

Тој прецизираше дека осум лица се убиени кога напаѓач, кој бил на мотоцикл, пукал во автомобилот во кој биле жртвите.

Официјален претставник од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тие засега не можат да ги потврдат тие информации.

Исто така, и „Ројтерс“ објави дека не добиле потврда за тие информации ниту од француското Министерство за надворешни работи, ниту од Владата на Нигер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната