Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Шериф е во друштво со Јуве, Арсенал и Ливерпул

Шериф е во друштво со Јуве, Арсенал и Ливерпул
Dik 300x250 mk

Сензацијата од Молдавија, Шериф, синоќа, влезе во елитното друштво, во кое се Јувентус, Арсенал и Ливерпул.

Шериф, го победи Реал во Мадрид со 2:1. По две кола, во Д-групата, Молдавците имаат шест бода, три повеќе од Реал и пет од Интер и Шахтјор.

Легијата на странци не се исплаши од настапот против најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите. Победата на култниот стадион ја обезбедија во 90.минута, со проектилот на Тил.

Шериф е четвртиот тим во историјата, кој го победил Реал во своето прво гостување во Мардрид. Претходно тоа им успеало на Јувентус во 1962, Арсенал во 2006 и Ливерпул во 2009 година.

> Шериф е во друштво со Јуве, Арсенал и Ливерпул <

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!