Утрински Весник
Македонија

Чулев го обвини Спасовски за незаконско работење на МВР, премиерот го демантира и му порача да си го реши проблемот со лични карти и пасоши

Чулев го обвини Спасовски за незаконско работење на МВР, премиерот го демантира и му порача да си го реши проблемот со лични карти и пасоши

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Додека јас бев во Министерството за внатрешни работи немаше никакви проблеми ниту со пасошите, ниту со личните карти, му одговори денеска премиерот Оливер Спасовски на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој претходно на прес-конференција во Министерството го обвини претходно раководство за недостигот на документите, но и за незаконско спроведување тендери и префрлање финансии на компанијата Веридос.

-Додека јас бев во МВР немаше проблеми ниту со пасошите, ниту со личните  карти. За се што има постојат документи, а органите нека истражат се што е правено и како е правено. Се што е направено е направено во интерес на граѓаните врз основа на една легална и законска процедура, рече Спасовски на прес-конференцијата во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој му порача на Чулев да седне и да си го реши проблемот со недостигот на обрасци за лични карти и пасоши.

Претходно Чулев рече дека постојат индиции и материјални докази дека во МВР во времето на Спасовски незаконски се спроведувале постапки и се склучувале договори.

-Постојат инцидиции со материјални докази кои велат дека се спроведувале постапки спротивно на законот и за истите се склучувале договори во тек на постапка за јавна набавка, се менувале членови на комисии, се случувале рамковни спогодби и скоро секогаш се излегувало надвор од предвидената финансиска рамка,  се воделе тендерски постапки без претходно да биде изведена тендерска спецификација, рече Чулев. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинa заплени 36 килограми марихуана и голема количина лекови

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан