Утрински Весник
Спорт

Чиракот не може против мајсторот – Сити го декласираше Арсенал

Чиракот не може против мајсторот – Сити го декласираше Арсенал

Манчестер сити ја продолжи својата неверојатна низа во англискиот лига куп (Карабао купот), откако на „Емирати“, тимот на Пеп Гвардиола го совлада Арсенал на неговиот поранешен помошник Микел Артета со високи 4:1 за пласман во полуфиналето на натпреварувањето и зголемување на кризата кај „топчиите“.

Сити, кои ги имаат освоено последните три титули од Карабао купот, сега немаат пораз во ова натпреварување дури 4 години, 1 месец и 26 дена. Тие се вториот тим во полуфиналето, откако претходно Брентфорд со 1:0 ги совлада Њукасл.

Габриел Жесус уште во третата минута го најави триумфот на „граѓаните“, меѓутоа во 31. минута, Александер Лаказет успеа да го израмни резултатот, најавувајќи интересно второ полувреме и борба за полуфинале.

Меѓутоа, наместо тоа, Арсенал доживеа нокаут. Ријад Марез во 54. минута го врати водството на Сити, пет минути подоцна Фил Фоден додаде уште еден гол, пред Ајмерик Лапорт во 74. минута да стави точка на мечот.

> Чиракот не може против мајсторот – Сити го декласираше Арсенал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026